„Здраво друштво!

🙌

Денес ве носам во еден комплетно уреден дом – од влезната врата, па сè до спалната соба. Ако барате идеи или инспирација како да си го средите просторот – останете со мене!

🔹

Почнуваме од претсобјето – прв впечаток! Овде имаме убаво организиран елемент со отворен дел за јакни, затворени фиоки за чевли и кое дава ефект на проширување на самиот ходник.. Практично и модерно!

🔹

Продолжуваме во дневната – и ВАУ! Аголна гарнитура во моќна длабока боја, топли дрвени елементи, клуб маса и детаљи кои создаваат чувство на удобност и топлина. Сè е во хармонија – од боите, до текстурите.

🔹

И сега – спалната соба. Мојот омилен дел! Голем удобен кревет, неутрални нијанси и минималистички плакар што крие сè што не треба да се гледа. Тука владее мирот, совршено место за одмор после напорен ден.

Секој агол е внимателно уреден – и знаете што е најубаво? Сè е поврзано во една стилска целина. Без натрупување, со фокус на удобност и функционалност.

❤️

До следниот пат – живејте стилски, живејте удобно!
#дом #уредување #влог #инспирација“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X